| четврток, 6 декември 2018 |

Почна финалната фаза на изградбата на плоштадот „Скендербег“

Премостувањето на булеварот „Гоце Делчев“ во кај поранешната стоковна куќа „Мост“ започна, со цел да се формира втората фаза од оплоштадот „Скендербег“. Времен режим за сообраќајот на булеварот кој функционира уште од летото, се очекува да остане додека работите не се завршат.

Во моментов се поставува челичната конструкција и арматура пред да се излее бетон кој ќе го носи плоштадот. Во моментов функционира една лента во правецот од мостот „Гоце Делчев“ кон трговскиот центар „Мавровка“, додека во обратна насока функционираат две.

Кога ќе се заврши, постоечкиот плоштад ќе добие нови 8 000 квадратни метри и ќе ги поврзува општините Центар и Чаир. Работите се очекува да финишираат кон крајот на годинава, но можеби и порано. Работите ги надгледува секторот за урбанизам на Општина Чаир, а сретствата потребни за овој зафат изнесуваат околу 10 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top