| четврток, 6 декември 2018 |

Плоштадот Скендербег во втора фаза од изградбата: Се покрива булеварот Гоце Делчев (галерија)

Плоштадот Скендербег е во вторта фаза на изградба опфаќа покривање на булеварот Гоце Делчев со плато на потегот од стоковната куќа „Мост“ до раскрсницата зад ТЦ „Мавровка“, со што ќе се поврзе Чаршијата со Македонската опера и балет.

Во моментот се одвиваат завршните работи на покривањето на булеварот Гоце Делчев, односно се поставува каменот на горниот дел. Овие денови ќе се работи и на тротоарите и полека се завршува втората фаза. Се поставува дел од предвидената урбана опрема, односно перголи од арматура поставени како куполи во полукруг.

20160616_105031

Мозаиците ќе се постават на бетонските платоа кон Чаршијата и на страничните ѕидови на скалите на амфитеатарот, кој беше изграден во првата фаза.

Подготвена е и инсталацијата поставена за да се монтира фонтаната.Која ќе биде во вид на водна завеса и ќе се постави наспроти споменикот на Скендер-бег.Воедно на овој плоштад ќе се монтира и лифт кој ќе се наоѓа од десната страна на крајот од стоковната куќа „Мост“, а ќе биде поставен и ескалатор.

plostad_skenderbeg_v3_viz0207-520x293

Во третата последна фаза е предвидена изградба на подземен паркинг на две нивоа за 400 возила на местото на постојниот паркинг кај стоковната куќа „Илинден“.

Се очекува втората фаза комплетно да биде готова до крајот на мај, вел од општина Чаир.

 

извор: скопјеинфо.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top