| четврток, 6 декември 2018 |

Фатва за безжична мрежа: Не е муслимански да му се краде интернетот на комшијата

dubai wifi

Највисокото верско тело во Дубаи соопшти дека кражбата на сигнал за безжичен интернет од комшијата не е во согласност со исламското учење.

Верскиот указ, фатвата, е објавена на сајтот на Одделението за исламски прашања и хуманитарни активности на Дубаи, како одговор на прашањето на анонимен граѓанин, пренесува агенцијата АП.

„Нема ништо лошо во тоа да се користи безжичен интернет од комшијата ако ви дозволи тој, но ако не ви дозволи, не смеете да го користите“, се наведува во указот.

Одделението за исламски прашања одговара на различни прашања поставени преку интернет, од молитви и верски прашања до модерни теми како козметички операции и илегално симнување филмови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top