| четврток, 6 декември 2018 |

Лекиќ: По пласманот на завршниот турнир бевме како на реклама за паста за заби

andrea lekic

ЖРК Вардар со импресивна игра во четвртфиналето против норвешкиот Ларвик успеа да се пласира трета година по ред на завршниот турнир во Будимпешта меѓу четирите најдобри екипи во Европа.
Моторот на тимот, српската интернационалка и една од најдобрите ракометарки во светот Андреа Лекиќ ги пренесе нејзините импресии за големиот успех на нејзиниот блог „andrealekic.com“

– Многу работа и одрекувања од сите нас во тимот. Сметам дека нашата игра напредуваше од меч во меч. Врвот на формата го достигнавме на натпреварот против Ларвик во Скопје. Едноставно се функционираше онака како што посакувавме и како се подготвувавме за овој двомеч – започна Андреа.

andrea lekic

Таа не заборави да истакне колку навивачите за важни за Вардар. Лекиќ потенцираше дека Вардар не би бил Вардар ако нема такви навивачи. Им се обрати токму ним и ги повикува во Будимшта за уште еднаш да ја дадат огромната подршка.

– Навивачите се една посебна приказна во Македонија. Тие беа тука како и ние кога беше најтешко. Сакам на сите уште еднаш да им се заблагодарам на огромната подршка. Фантастично е чувството да се биде дел од таква атмосфера. Тие се како ветер во грб и Вардар не би бил Вардар без нив. Само да знаете дека ќе ни биде потребна и подршката во Будимпешта како и во претходните години – додаде Лекиќ.

Андреа не заборави да ги поздрави и колешките од екипата, и нивните насмеани и среќни лица по големиот успех.

– Нема поубаво чувство кога ќе се разбудиш утредента по големиот успех и кога ќе ги видиш сите околу тебе со насмеани лица како на реклама за паста за заби. Тоа се моменти кои може само спортот да ги пружи – со насмевка Лекиќ го опишува чувството кај сите нејзини колешки од ЖРК Вардар.

Завршниот турнир во Будимпешта и борбата за европската титула оваа година ќе се одржи 7 и 8.мај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top