
Со скршени ребра, повреден грб, набиен граден кош во Ургентниот центар вчера завршил 55-годишниот работник В.С.
Тешките повреди поради кои е задржан на лекување на КАРИЛ ги добил откако паднал од висина од 2,5 метри движејќи се по необезбеден простор додека извршувал градежни работи.
Несреќата се случила додека тој работел на зграда во изградба на улицата „Сава Ковачевиќ“ во скопската населба Кисела Вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


