Светските медиуми ја пренесуваат веста дека позната пејачката наводно ги осигурала нозете на сума од милијарда долари.
Мараја Кери своите главни атрибути, гласот и нозете ги осигурала на 70 милиони долари. Воочи светската турнеја организаторите го осигурале и нејзиниот глас.
Меѓутоа, веста која ја објавија светските медиуми е дека Мараја уште во 2006 година ги осигурала своите нозе на неверојатни милијарда долари.
Имено, пред 10 години кога Мараја беше избрана за заштитно лице на компанијата „Жилете“, компанијата „Лојд“ прифатила на пејачката да и издаде полиса за осигурување на дури милијарда долари кога се во прашање нозете на Кери.
Доколку направиме споредба, дури тогаш може да разбереме дека оваа цифра е ненормално висока. На пример, Лионел Меси ги исгурал своите нозе на 626 милиони долари, додека Кристијано Роналдо бил поскромен и своите нозе ги осигурал на „ситни“ 117 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.