На Меѓународниот саем на книгата во Скопје, денеска ќе бидат врачени меѓународните награди „Ана Франк“ и „Златен прстен“.
Наградата „Ана Франк“ ќе ја прими Сунчица Дениќ, декан на Педагошкиот факултет од Врање (Србија), додека наградата „Златен прстен“ ќе му биде врачена на познатиот македонски поет, критичар и есеист, Санде Стојчевски.
На средбата, на штандот на издавачката куќа „Феникс“, ќе биде претставен и истакнатиот српски поет Мирослав Михаиловиќ, основач и координатор на манифестацијата „Борина недела“ во Врање.
Промоцијата ќе биде заокружена со претставување и на најновата поетска книга „Гулаб и ноќ“ од Христо Петрески, во издание на „Феникс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија земја во фокусот на 24. Саем на книгата во Истра
-
Соопштени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“
-
Награди за есеј на тема „Визија за Скопје“ добија Кристина Шумадиева, Бојан Шашевски и Тања Сарандеска
-
Рускиот „Магичен свет“ на Катја Ветрова – добитник на наградата за најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“ на 9.Мобил филм фестивал