| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска отворен ден на УКИМ за средношколците

Од 10 до 17 часот на платото ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи маифестгацијата Ден на високото образование каде што средношколците можат да добијат ин­фор­ма­ции за нас­тав­ни­те и за сту­дис­ки­те програ­ми за до­дип­лом­ски, пос­тдип­лом­ски и за док­тор­ски сту­дии на 23-те фа­кул­те­ти на УКИМ. Можат да се запознаат со нас­тав­ни­от ка­дар, да посетат из­лож­би, де­ба­ти, а ќе има и нас­тап на „Суперхикс“.

ukim-

– От­во­ре­ни­от ден на Уни­вер­зи­те­тот е на­ме­нет за сред­нош­кол­ци­те од си­те учи­лиш­та, но и за си­те оние што са­ка­ат да доз­на­ат неш­то по­ве­ќе за прог­ра­ми­те на пос­тдип­лом­ски­те и на док­тор­ски­те сту­дии. Нас­та­нот ќе се одр­жи на плош­та­дот во кам­пу­сот за оп­штес­тве­ни на­у­ки на УКИМ, ка­де што ќе би­дат смес­те­ни штан­до­ви­те на фа­кул­те­ти­те. По­се­ти­те­ли­те ќе има­ат мож­ност не­пос­ред­но во раз­го­вор со нас­тав­ни­от ка­дар и со сту­ден­ти­те да се за­поз­на­ат со деј­нос­та на нај­ста­ра­та ви­со­ко­об­ра­зов­на ин­сти­ту­ци­ја во на­ша­та зем­ја, неј­зи­на­та дол­га тра­ди­ци­ја, ми­си­ја и ви­зи­ја. Во из­лож­бе­ни­те прос­то­ри се пред­ви­де­ни раз­но­вид­ни пре­зен­та­ции на ак­тив­нос­ти­те и на про­ек­ти­те на нас­тав­ни­ци­те и сту­ден­ти­те, из­лож­ба на бо­га­та­та на­уч­на деј­ност на Уни­вер­зи­те­тот: мо­ног­ра­фии, учеб­ни­ци, пре­во­ди и на­уч­ни спи­са­ни­ја – ве­лат од УКИМ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top