Од 10 до 17 часот на платото ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи маифестгацијата Ден на високото образование каде што средношколците можат да добијат информации за наставните и за студиските програми за додипломски, постдипломски и за докторски студии на 23-те факултети на УКИМ. Можат да се запознаат со наставниот кадар, да посетат изложби, дебати, а ќе има и настап на „Суперхикс“.

– Отворениот ден на Универзитетот е наменет за средношколците од сите училишта, но и за сите оние што сакаат да дознаат нешто повеќе за програмите на постдипломските и на докторските студии. Настанот ќе се одржи на плоштадот во кампусот за општествени науки на УКИМ, каде што ќе бидат сместени штандовите на факултетите. Посетителите ќе имаат можност непосредно во разговор со наставниот кадар и со студентите да се запознаат со дејноста на најстарата високообразовна институција во нашата земја, нејзината долга традиција, мисија и визија. Во изложбените простори се предвидени разновидни презентации на активностите и на проектите на наставниците и студентите, изложба на богатата научна дејност на Универзитетот: монографии, учебници, преводи и научни списанија – велат од УКИМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тур-оператор од Италија ја прекинал соработката со групи од Македонија бидејќи средношколци вршеле нужда во собите
-
Отворен ден на АРМ на плоштадот „Македонија“
-
Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење
-
Каде се изгубија 15 илјади средношколци во Македонија во последните четири години?


