| четврток, 6 декември 2018 |

Мега проект од Груевски за земјоделците, 80 отсто поддршка од државата за системот капка по капка и отварање бунари

zem

Земјоделството е една од стратешките приоритети за владејачката партија. За ова денес говореше лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски, кој потенцира дека продолжува огромната заложба за помош и за поддршка за земјоделците.

Груевски истакна дека преку напорен труд, дијалог и преку контакти со земјоделците, како и преку реализација на голем број мерки се создадоа услови за егзистенција на многу земјоделски семејства. Но, сепак, овие заложби продолжуваат.

zem2

Предвидена е можност за 80 проценти поддршка од државата за системи капка по капка и ископ на нови бунари. Воспоставување на систем за наводнување и соодветно дозирање на водата овозможува и по неколкупати зголемување на приносите кај неколку култури.

– За таа цел, а во насока на подобро искористување на природните ресурси, предлагаме субвенционирање за воспоставување на алтернативни системи за наводнување и за воспоставување на системи „Капка по капка“. Целта на оваа мерка е зголемување на обработливите површини под систем за наводнување за подобрување на квалитетот и на приносите на земјоделското производство. Право да конкурираат ќе имаат физички лица на кои земјоделството им е примарна дејност, регистрирани земјоделци за производство на раноградинарски производи или за овоштарство. Понатаму, земјоделски компании или земјоделски задруги. Цел на набавка е опрема за воспоставување на систем за наводнување на садници, одгледување на раноградинарски култури, овоштарство или за наводнување на стакленичко или пластеничко производство. Преку мерката финансиски ќе се поддржат земјоделците и земјоделските стопанства за инсталирање на модерни системи за наводнување. Тоа ќе донесе сериозна заштеда – рече Груевски.

zem3

Тој потенцира дека проценките говорат дека цените  на чинење за инсталирање на систем Капка по капка за површина од еден хектар: за овошен насад 105.797 денари, за лозов насад 114.422 денари и за систем за наводнување на житни култури 123.000 денари.

– Осумдесет отсто од средствата за реализација  на наведените активности ќе бидат обезбедени преку државата. Ќе бидат обезбедени преку програмата за рурален развој на земјоделството, а остатокот од средствата ќе ги обезбеди корисникот. Максималната површина за која ќе се  однесува поддршката ќе биде до 50 хектари – рече Груевски.

zem4

Што се однесува до ископот на бунари, рече Груевски, просечната сума која е потребна за изградба изнесува околу 150 илјади денари, или околу 2,5 илјади евра на длабочина до 50 метри.

-Со ова, со оваа најнова мерка, државата ќе покрие дури 80 проценти пари кои остануваат како заштеда за земјоделецот. Дополнително ќе бидат извршени и законски измени со кои ќе се олесни и поедностави постапката за добивање на водостопански дозволи за изградба на бунари – потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

zem5

Според Груевски, со мерката, не само што земјоделците ќе заштедат 80 проценти од сумата за инсталирање на системот и изградба на бунари, туку и ќе имаат зголемен принос, што значи екстра профит и заработувачка.

– Затоа е потребна масовна примена на системот Капка по капка и затоа државата, Владата, ќе им излезе во пресрет на земјоделците за да може што помасовно да биде искористена и употребена оваа мерка – рече Груевски.

zem6

Инаку, мерката треба да започне да се применува од јануари 2017 година.

– Апликациите ќе може да се доставуваат од октомври 2016 година и ќе се издвојуваат по минимум 3 милиони евра годишно, а по потреба износот ќе расте – истакна Груевски.

zem7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top