Сигналот кој ги емитира и прима вашиот телефон за време на лет може да ја попречи комуникацијата и на пилотите да им предизвика дополнителни проблеми, а токму поради тоа за време на летот неопходно е на телефонот да ја вклучите опцијата „режим на летање“.
Проблем кој може да им предизвика пречки на останатите патници и пилотите пред се е бучавата доколку вашиот телефон заѕвони во близина на звучник. Во тој случај звукот се пренесува и до слушалките кои ги користат пилотите.
Иако е тоа ретка појава, од 50 летови пилотите досадната бучава ја слушаат еднаш или два пати.
Понекогаш тие проблеми се поголеми, затоа што се случува поради немарноста на патниците да биде прекината радиоврската помеѓу пилотската кабина и контрола на летањето.
Одредени компании им овозможуваат на своите патници да користат мрежа од својот телефон поврзувајќи ги на посебни платформи за време на летот што им овозможува да пишуваат пораки или обавуваат повици но со дополнителни трошоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.