| четврток, 6 декември 2018 |

Дно

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

Политичкиот амбиент во Република Македонија конечно го достигна своето дно. Ова е максималниот пад на секое достоинство и етика на опозицијата и нејзиното раководство. Понатаму веќе нема каде, а секое инсистирање на продолжувањето на оваа агонија, предводена од Туларемот Црпко I – величествениот по глупоста, и неговиот господар – Чадор, може да води само кон провокација на македонските граѓани за сеопшт бунт против овие сили на злото и аморалноста и, со оваа геста, на еден фуриозен и крајно насилен начин, да се изгорат и потоморат сите овие паразити, кои со децении веќе му ја цицаат крвта на македонскиот народ, му ја уриваат државата, која е стекната со невидени жртви, му ги запустуваат плановите за животот, му ги дерогираат и упропастуваат институциите и, што е најбитно од сѐ, создаваат толку голем квантум на вулгарност, лош вкус, предавништво и гадости од секаков тип, што е вистинско чудо, како досега сѐ уште не избила масовна епидемија од оваа ужасна, општествена болест.

Без сомнение, во нашиов век не видовме толку голема психолошка и карактерна деформација, како што ја гледаме сега кај оваа групација, која се легитимира како лидерство на најголемата опозициска партија. Тука има сѐ и сешто, поточно, секаков вид на аморални тенденции и дејствија. Дури и најозлогласените криминални групи на планетава имаат поконзистентен етички систем од овие пропаднати дегенерици, во секој смисол.

Чудесно е, како овде, кај овие квази-револуционери, кои своите, а и туѓите чеда ги истопоруваат пред себе си во бројните протести, како кукавичлукот и алчноста кај овие изроди на човештвото се мешаат во најнеочекувани пропорции и избиваат на површината како неподнослива пакост и неморал од енормни магнитуди, грдотија и отпадништво, кои не се видени дури и во големите машини за фантазирање, каква што е Холивуд, на пример.

Нивната продукција на злоба и завист нема пандан во современата светска историја. Ова, секако, нема никогаш да биде заборавено.

Еден ден народниот гениј – тој бард и сведок на историјатот на една нација и култура, ќе испее песни и ќе раскажува прикаски за неверојатното зло, што се појавило на земјава, персонифицирано од најголемата опозициска партија и нејзиното раководство.

Секако, тука не треба да се заборави и мизерното поведение на таканаречениот – „чадор“ – господарот на оваа гнасна игра, за кој сите знаат кој е, а никој од релевантните фактори не се осмелува да го разоткрие неговиот вистински идентитет.

Но денес, светот стана глобално село со непоимливо развиени средства за комуникација, преку кои жителите на планетава ги добиваат како на тацна и најскриените и тајни податоци.

Така идентитетот на „чадорот“ и неговите слуги е многу добро познат, а консеквенците по сите нив ќе бидат ужасни.

Како тоа? – прашуваат сите оние скептици, чија вера не стига подалеку од нивната мизерна вечера. На сите овие слаби и нејаки по духот, одговорот што следува можеби нема да им биде многу јасен, но нека се стрпат малку, и ќе видат.

Чудесни се тајните врски помеѓу чинот на иницијацијата, чинот на дејствувањето, консеквенците од дејствието и казната,која секогаш следува кон чинителите на сите оние дела, што биле произлезени од злобните тенденции и нивните ефекти врз животот на жртвите на овие бессловесни луѓе, на овие слуги на злото. Пеколот е преполн со душите на овие проколнати злобници, а нивните ужасни крикови одекнуваат низ морбидните кулоари на ова грозоморно здание. Безнадежно.

Сега оваа морничава казнена институција, создадена од бесот на паднатите ангели со садистичка глад и дегутантни лиги, чекаат на новиот контингент проклетници. А тие се веќе регрутирани, поточно – прелажани од агентите на подземните мачилишта и, еве ги, како полека, но сигурно, чекорат кон хоророт, кој ќе се појави на нивно непоимливо и очајничко изненадување, кога за тоа ќе дојде време.

Се прелажаа кутрите алчници по политичката и секаква друга моќ, се заакаа во гибелта поради нивната нечовечност и амбициозност, поради нивната сродност со лагата и поради верувањето нивно,со целата своја суетност и егоизам, дека со фалсификување и измами ќе го освојат тронот на управувањето со народот, дека со нивните трикови ќе ја освојат власта.

Но секоја власт – како што е кажано во Добрата книга – е од Бога, а она што е од Бога, е секогаш свето и интактно и не им е дадено на оние, кои со преврат и зло сакаат да го узурпираат.

Овој ниет, така типичен за престапниците, а посебно за оние најсуетните и најамбициозните, редовно завршува со потресен дебакл и со стравични казни врз нив, спроведени од страна на Провидението.

Времето тече. Беззаконието на овие деца на лагата и злото го достигна своето дно. Нема веќе место за нови компромиси, нити за нови двоумења и преиспитувања. Колебливоста одамна ја загуби секоја смисла.

Дојде часот на вистината и тој момент е неминовност.

На 5 јуни, ова 2016-то лето Божје, ќе проработи индикаторот на праведноста, а злото ќе пропадне во ужасниот амбис на небиднината.

 

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top