Холивуд е местото каде што најголемите ѕвезди мораат многу да внимаваат што ќе изјават и што ќе направат. Една погрешна одлука и еден непромислен потег може да ги чини кариера. Овие се ѕвездите што до допреа дното, а потоа направиле спектакулатно враќање.
ВИКТОРИЈА БЕКАМ
Кога при крајот на 90-тите години на минатиот век девојките од „Спајс грлс“ биле на врвот на славата, Викторија, тогаш Адамс, сигурно не била една од тие за кои се мислело дека по бендот ќе направи спектакуларна соло-кариера. Но, кога се омажи за Дејвид Бекам, нејзината слава достигна сериозни размери. Го помина патот од „спајсици“, каде што никој не ја забележуваше во групата, до интернационална икона на стилот и влијателна модна дизајнерка. Остатокот од ченовите на групата постигна малку или воопшто ништо не постигна кога ќе се спореди со Викторија, а таа денес вреди 300 милиони долари.
НИЛ ПАТРИК ХАРИС
Нил Партик Харис својата популарност ја стекна од своите 16 години во грлавната улога во серијата „Дуги Хаузер“. Серијата траела само четири сезони, а Нил оттогаш се појавува во бројни серии, но дури во 2005 година среќата му се насмевнала, па глумецот доби улога во популарната серија „Како ја запознав вашата мајка“. За оваа улога Харис добил бројни номинации за наградата „Еми“, а серијата стана хит и траеше дури девет сезони. Харис ќе глуми и во хит-серијата „Американска хорор приказна“, а исто така е објавено дека тој е избран да биде водител на церемонијата за доделување на наградите „Оскар“ во 2015 година.
РОБЕРТ ДАУНИ ЈУНИОР
Славата ја стекна во 80-тите години на минатиот век како еден од најталентираните глумци во својата генерација. Постигна одличен успех во филмот „Помалку од нула“, а улогата на Чарли Чаплин во истоимениот филм му донесе номинација за „Оскар“ во 1992 година. Меѓутоа, 90-тите години за Роберт Дауни биле турбулентна деценија. Тогаш излегоа на виделина неговите проблеми со алкохолот и со дрогата, а глумецот е уапсен неколку пати поради поседување недозволиви супстанции. Повеќе пати бил на рехабилитација, но потоа повторно се враќал на старите навики. Конечно во 2001 година ги победил лошите навики и се сконцентрирал на кариерата. Денес е еден од најплатените глумци во Холивуд и во изминатата година заработи 75 милиони долари.
МИКИ РУРК
И покрај тоа што неговата кариера во 90-тите години беше во константен пораст, најмногу благодарејќи на улогата во „Девет и пол недели“ и „Ангелско срце“, Мики Рурк одлучи да ја напушти глумата и да му се врати на аматерскиот бокс. По неколку години поминати во рингот и по безброј пластични операции за да ја намали штетата на своето лице како последица од боксот, Рурк одлучува да ѝ се врати на глумата. По неколку неуспешни улоги, улогата во „Градот на гревовите“ го врати на глумачката карта. Филмот „Борач“ му донесе номинација за „Оскар“ за најдобра машка улога. Денес Рурк е повеќе од одлучен да го напушти Холивуд.
НИКОЛ РИЧИ
Ќерката на Лајонел Ричи, Никол Ричи, го сврти вниманието кон себе кога со својата најдобра пријателка Парис Хилтон го снимија реалното шоу „Едноставен живот“. Во текот на прикажувањето на четвртата сезона Никол беше уапсена поради брзо возење во пијана состојба и осудена е на четири дена затвор. Во брак е со пејачот од групата „Гуд Шарлот” и имаат две деца. Денес Никол е во центарот на вниманието од страна на медиумите поради нејзиното влијание во модата и хуманитарната работа но поради нејзиното реално шоу.
АЛЕК БОЛДВИН
Најстариот од браќата Болдвин, Алек уживаше во статусот беспрекорни холивудски ѕвезди сѐ додека не ја започна бракоразводната парница со својата поранешна сопруга Ким Бесинџер. Тогаш малолетната ќерка на двајцата глумци стана предмет на долга и скапа борба за старателство. Глумецот дури тврдеше дека Ким му забранила да се гледа со ќерката, а пото во книгата која ја објави детално го опиша бракот и постбрачната катастрофа со Ким. Судењето го чинеше повеќе од милион долари, а една гласовна порака го чинеше целата репутација. Во екот на борбата за старателство, медиумите дојдоа до снимка од неговата гласовна порака каде што ја нарекува својата ќерка „непристојна и празноглава мала свиња“. Но, и покрај потресите во приватниот живот, неговата кариера денес е во искачување. Во изминатите седум години Болдвин освои две награди „Еми“ и три „Златен глобус“.
ЧАРЛИ ШИН
Чарли Шин долго време беше најплатениот глумец, но овој статус му потврди со улогата во серијата „Два и пол мажи“. Меѓутоа, Чарлиевото несогласување со продуцентот на серијата резултираше со негово отпуштање. Следеа и многу недолични однесувања на глумецот, па тогашната девојка, истакната порноѕвезда, ја нарече „божица“, но и покрај проблемите со дрогата и алкохолот и безбројните неуспешни рехабилитации, Чарли во 2013 година се врати на телевизијата со серијата „Справување со гневот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.