| четврток, 6 декември 2018 |

Во Битола „Про-книжи го умот“ , ќе се дебатира за „Технологија и уметност – револуција или хуманизација“

Битола повторно на светската културна мапа преку проектот „Про-книжи го умот“ (Booking your mind) на новинарката и авторка Ана Јовковска, како дел од „Културните приказни“ на Делегација на Европската Унија и ЕУ Инфо центарот во Скопје.

Дебата во Битола е закажана на 12 април, вторник, во Центарот за култура во Мала сала, со почеток во 20 часот. Автор во фокус е извонредниот филозоф Валтер Бенјамин, а темата е „Технологија и уметност – револуција или хуманизација“. Панелисти во Битола ќе бидат познатиот филозоф и професор Иван Џепаровски и културниот работник и истражувач Билјана Тануровска-Ќулавковски. Авторка на концептот и модераторка на трибините Ана Јовковска.

202c5345-9392-4b32-af57-e6a4af70cd17

Ана Јовковска

„Про-книжи го умот“ е платформа за креативен дијалог низ култни европски автори, која има за цел низ интерактивни модели на трибини и дебати да одбележи неколку јубилеи и годишници во 2016 година на европски дела и автори како Ерих Фром, Валтер Бенјамин, Џорџ Орвел, Олдоус Хаксли, Мишел Фуко, Жак Лакан и други. Трибините ќе бидат од отворен карактер и освен во Скопје ќе се случуваат и во различни градови како Битола, Тетово, Велес и други, како еден вид креативен отпор на тоа што најголем дел од културните активности се фокусирани на главниот град.

6e20a5fa-832e-40db-981b-5f681ad6f88f

Професор Иван Џепаровски

Гостувањето на истакнати уметници, писатели, професори, актери, филмски и театарски режисери во различни места низ земјава и отворањето на дебати со локалното население се еден вид придонес за децентрализација на културата за која постојано се залагаме.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top