Со иконата на „Пресвета Богородица” во црквата во Трубарево се случува невообичаена работа. Веднаш по неделната утринска литургија присутните забележале капки вода на самата икона. По извесно време целата икона била оросена со вода
Како што пренесува порталот „религија.мк“, ваквите случувања во црквата обично се нарекуваат „мироточење на икони”, нешто што не е непознато и честопати се појавува во многу цркви.
Сепак, засега никој не може да потврди дали во овој случај станува збор за „мироточење на иконата на Пресвета Богородица”, или пак водените капки кои се појавиле се резултат на нешто друго.
Црквата, како што дознава „религија.мк“ е затворена за јавноста и се чека посета од архиепископот г.г. Стефан.
Црковни извори за „религија.мк”, велат дека се додека не се провери вистинската состојба со иконата, да не се создава во јавноста никаква перцепција дека се случува чудо.
– Постојат начини како тоа се порверува, тоа е процес и кога ќе се утврди вистинската состојба, може да се одговори што точно се случува, нема потреба да се создава атмосфера дека е тоа некое чудо, велат за „религија.мк, извори од МПЦ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Постигнат договор за раздвојување на Грчката православна црква од државата
-
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа: Следниот пат сетете се на ова…
-
Ценовник од македонска црква предизвика лавина од негативни коментари
-
На овој голем празник сите верници доаѓаат во црквата полна со змии за да седат на нив