| четврток, 6 декември 2018 |

Ситуацијата на македонско-грчката граница е стабилна

gr

Ситуацијата на македонско-­грчката граница утрово е стабилна и мирна, по вчерашниот насилен обид за влегување на македонска територија од страна на бегалците што се наоѓаат во кампот во Идомени.

Според раководителот на ПТЦ Гевгелија Зоран Лазаровски, ситуацијата во и околу кампот е мирна, како што е и на граничниот камен 59 и дека во Гевгелија е видливо зголеменото присуство на нашите безбедносни сили, кои се подготвени да интервенираат во секој момент во заштита на границата.

Директорот на болницата Сретко Јованов утрово за МИА изјави дека само еден, од 15 повредени припадници на безбедносните сили поради сериозноста на повредите во пределот на гениталиите е префрлен на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а другите 14 по санирање на повредите се вратени во своите единици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top