| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа храна е добра за здрав мозок

Несомнено е дека како што старееме, и нашето тело старее со нас, но добрите вести се што ако ја додадете оваа „паметна“ храна во вашата исхрана, можете да го одржите мозокот во топ форма, пишува порталот „Дива.мк“.

Знаеме дека нема магичен напиток кој може да ни го зголеми коефициентот на интелигенција, но одредени супстанции можат да ви дадат енергија и да ја засилат концентрацијата. Таков е кофеинот, кој го има во кафето, чоколадата, енергетските пијалаци, но не треба да се претерува, зашто ќе постигнете спротивен ефект, раздразливост и неудобност.

Шеќерот, односно гликозата, е совршениот извор на гориво за мозокот, а тој се добива од процесирање на шеќерите и јаглените хидрати кои ги јадете. Затоа чаша засладен пијалак ви овозможува наплив на меморија, мислење и ментални способности, секако со краткотраен ефект, и без претерување.

Ако сте во искушение да го прескокнете појадокот, немојте, зашто многу студии докажале дека појадокот ги подобрува краткотрајната меморија и вниманието. Учениците кои јадат појадок имаат подобри постигнувања од тие што не јадат, особено ако е составен од интегрални и млечни производи, како и овошје. Но не прејадувајте се, зашто калоричниот појадок пак, ја попречува концентрацијата.

Извор на протеини кој му дава голем поттик на мозокот е рибата, богата со Омега 3 масни киселини, кои се клучни за здравјето на мозокот. Исхраната богата со Омега 3 се поврзува со намалена стапка на деменција и ризик од удар, а и ја подобрува меморијата, па препорачливо е да јадете риба двапати неделно.

Јаткастото овошје и семињата, како извор на антиоксидантниот витамин Е, според истгражувањата, го намалуваат опаѓањето на когнитивните функции. И црното чоколадо има моќни антиоксидантски особини, а содржи и кофеин, кој ја зголемува коцентрацијата. Затоа, еднаш на ден уживајте ворака јаткасто овошје (околу 30 грама) и црно чоколадо за да ги добиете сите предности што ги нудат, без вишокот калории, масти или шеќери.

Интегралните житни производи и овошјата како авокадото, со диеталните влакна и витаминот Е и придонесуваат за намалување на ризикот од срцеви заболувања и снижување на лошиот холестерол, значи го подобруваат протокот на крвта, која ги напојува и мозочните клетки.

Многу хранливи се и боровинките, кои го штитат мозокот од оштетувања предизвикани од слободните радикали и можат да го намалат ризикот од болести како Алцхајмеровата болест и деменцијата.

Се подготвувате за важен ден? Како да ја зголемите способноста за концетрација? Почнете го оброкот со стопроцентен овошен сок, интегрално лепче со парче лосос и шолја кафе. Покрај добро избалансираните оброци, за здравјето на мозкот експертите препорачуваат и:

  • Добар ноќен сон.
  • Пиење вода.
  • Вежбање за да го изострите мислењето.
  • Медитирање за растоварување на мозокот и за опуштање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top