| четврток, 6 декември 2018 |

Секс скандал ја тресе Британија: Новинарите имаат слики и љубовни писма кои си ги разменувале љубовниците

Веќе една недела медиумите во Британија пишуваат позната британска двојка која е вклучена во секс-скандалот. Според “Nation Enquirer” Дејвид Фурниш го измамил својот партнер и споруг, Елтон Џон со друг брачен пар.

Секс скандалот во кој една славна позната личност има врска со друг пар е еден од главните теми на британските таблоиди. Сите детали се познати, наводно, новинарите имаат слики и љубовни писма кои си ги разменувале љубовниците, но судот им забранил да ги објавуваат со цел да го заштитат актерот и неговите деца.
Иако британските медиуми не смеат да пишуваат за тоа, американскиот “Nation Enquirer”” објави насловна фотографија на збунетиот Елтон Џон, кој изјавил дека бил измамен сопруг, а се споменува и развод тежок 450 милиони долари.
Она што е познато е дека врската на контроверзното љубовно трио завршила пред три години, и актерите не се разделиле во непријателство, туку останале во добри односи, се до оној момент кога непознатиот пар одлучил да ја продаде приказната за медиумите.
Спорот се води пред судот во Британија, а се претпоставува дека го покренал Елтон Џон, но судот смета дека правото на приватност во овој случај е посилно од правото на јавноста да знае за деталите.
Интересно е тоа што британските таблоиди за ова не пишуваат ниту збор, затоа што за случајот е забрането да се пишува во Велика Британија. Елтон и Дејвид нивниот граѓански брак, го склучија во 2005 година, а брачната свадба се одржа во 2014 година. Интимна свадба беше организирана во неговиот дом во Беркшир со познати пријатели.
Дискутабилно е тоа што љубовната врска со другиот пар се случила во време кога Дејвид и Елтон се уште не биле во брак, но нивната врска беше опишана како отворена, што значи дека тие ќе си овозможат повремени “излети”.
Ако, пак, по скандалот се одлучат за развод ги чекање за нив мачна и долга постапка за развод, кој дополнително се комплицира со прашањето за нивните финансии, но, исто така, и за старателството над децата – шест годишниот Закариј и три годишниот Илија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top