Во Скопје викендов се снимаат сцени од играниот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ на Бојан Вулетиќ, копродукција меѓу Србија, Македонија и Бугарија. Филмот во поголем дел беше снимен во Србија кон крајот на минатата година, а во втората половина на овој месец екипата ќе работи и на локации во Бугарија.
„Реквием за госпоѓа Ј“ обработува актуелна, универзална тема што произлегува од севкупната материјална и емотивна криза која владее во светот, а најмногу во сиромашните земји. Приказната ги следи животите на четири жени кои припаѓаат на различни генерации: мајка, нејзините две ќерки и свекрва. Главниот лик, Госпоѓа Ј, откако останува без работа и пензија, бара начин материјално да го обезбеди своето семејство. Постарата ќерка крие дека е трудна, помладата ќерка влегува во бурен пубертет, а свекрвата само молчи и не комуницира со никој. На еден поинаков начин, преку црн хумор, овој филм се обидува да зборува за сериозни теми од животот во транзиција.
Автор на сценариото е Бојан Вулетиќ, сценографијата е на Зорана Петров, костимограф е Лана Павловиќ, кинематографер Јелена Станковиќ, шминка Јасмина Лилиќ и монтажа на Владимир Павловски. Главен продуцент е Ненад Дукиќ, извршен продуцент Мирослав Могоровиќ, продуцент од македонска страна е Томи Салковски и од Бугарија Павлина Желева. Улогите ги толкуваат Мирјана Карановиќ, Даница Неделковиќ, Мира Бањац, Срѓан Тодоровиќ, Јована Гавриловиќ,…
„Реквием за госпоѓа Ј“ е копродукција меѓу СЕЕ Филм Про, Скопје Филм Студио и Геополи Филм, кои добија поддшка од Филмскиот центар на Србија, Министерство за култура и информирање на Република Србија, Покраинскиот секретаријат за култура на Војводина, Агенцијата за филм на Република Македонија, Бугарскиот национален филмски центар и од фондот на Советот на Европа за поддршка на европски филмски копродукции ЕУРИМАЖ.
Во Македонија ќе биде реализиран и дел од постпродукциските активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура