Од утре околу 20 000 жители на општина Чучер Сандево ќе имаат 24часовна здравствена заштита. Надлежните отворија пункт на Брза Помош кој е во просториите на селската амбуланта, објави „Сител“. Тим од лекар сестра и возач постојано ќе им биде достапен на селаните кои порано чекале и по еден час додека стигне возило на Итна помош. Сега тоа време ќе им биде скратено на 10 до 15 минути. Министерот Тодоров кој го посети пунктот, очекува дека навремено ќе бидат задоволени медицинските потреби на граѓаните и повеќе нема да ризикуваат и сами да ги носат тешко болните до скопските клиники.
-Тоа е товар за семејствата од една страна, но исто така многу често и непотребно пациенти се носеа во клиника или во болница. Сега ќе имаме 24 часовна заштита, скратување на времето на чекање какво што постигнавме и со отворањето на пунктот во Петровец, изјави Никола Тодоров министер за здравство.
Ова е осми по ред пункт на итната медицинска помош на подрачјето на Скопје. Немаат податоци колку жителите од Чучер Сандево имаат потреба од итни интервенции бидејќи најголем број сами оделе до болница или клиника. Сега очекуваат да имаат прецизна евиденција.
-Целта ни е да го скратиме времето на одговор и во делот на примарната здравствена заштита која е задолжителна за секој граѓанин преку матичните лекари, преку проектот на рурален доктор и сега со овие дистални пунктови навистина ја доближуваме здравствената услуга до граѓаните, изјави Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.
Надлежните очекуваат да заживее амбулантата каде е сместен пунткот и каде има матичен лекар а наскоро ординација ќе отвори и стоматолог. Ова е нова димензија и голем благодет за нас, велат жители на Чучер Сандево.
-Ургетно значи брзо, а по 50 години добивме пункт и ова е секако благодет за заедницата, благодет за оној на кој во тој момент итно ќе му треба брза помош, велат жители
Изминатиот период здравствените власти отворија пунктови на Брза Помош во Драчево, Ѓорче петров и Петровец. Во мај пункт ќе добие и Сарај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.