| четврток, 6 декември 2018 |

Џенифер Лоренс на строг пост – една недела без секс

jenifer_lorens-49554Американската глумица Џенифер Лоренс (25) призна дека немала сексуални односи речиси една година.

Иако веќе одамна се слуша дека Џенифер по љубовната врска со Крис Мартин, среќата ја нашла покрај комичарот Азис Анзари, актерката неодамна одкри дека долги месеци е „болно сама“.

Лоренс и фронтменот на групата „Колдплеј“ ја прекинаа врската во август минатата година, а оттогаш таа немала момче.

– Толку долго не сум имала сексуални односи, што не се ни сеќавам што беше тоа, истакна Џенифер, објаснувајќи дека нема одреден тип на маж кој и се допаѓа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top