Британските медиуми објавија дека модната советничка на Саманта Камерон, сопругата на премиерот Дејвид Камерон е вработена како државна службеничка, со плата од 53 илјади фунти.
Нејзината модна советничка е Рози Либурн (28), поранешна манекенка која е внука на поранешниот политичар од редот на конзервативците, Лорд Елиот. Таа на функцијата е вработена по последните избори.
Либурн е во категоријата посебни советници во државната служба со годишна плата од 53 илјади фунти. Просечна плата во В. Британија е 26.500 фунти,
Слична расправа за оправданоста за вработување на модната советничка на сопругата на британскиот премиер е водена и пред четири години, кога како стилистка на Саманта Камерон била вработена Изобел Спеармен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.