| четврток, 6 декември 2018 |

Експолодира бомба во Истанбул, тројца се повредени

Три лица се повредени во центарот на Истанбул при експлозија на рачно изработена бомба во близина на автобуска постројка, објавија турските медиуми.

epaselect epa05219977 Turkish police and rescue teams inspect the scene of a suicide bomb attack at Istiklal Street in Istanbul, Turkey, 19 March 2016. According to media reports, two people have died and seven injured in the suicide bomb in Istiklal Street, a main high street in the centre of Istanbul, just off Taksim Square.  EPA/DENIZ TOPRAK

Повредените се хоспитализирани, а полицијата ја блокира зоната со кордон, додека хеликоптер го надлетува местото на инцидентот.

Засега нема информации кој би можел да биде одговорен за нападот.

Најголемиот турски град има зајакнати безбедносни мерки по повеќето смртоносни напади во Турција за кои се обвинети џихадисти и курдски екстремисти.

Претходно американската Амбасада предупреди дека постои реална закана од напади на туристички области во Истанбул и во Анталија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top