Неколку километри од Бела Паланка, во Србија, се наоѓа куќа на која сите ѝ се воодушевуваат. Таа им пркоси на сите закони на физиката – на карпа висока 13 метри некој одлчил да изгради огромна викендичка.
– Она е ремек-дело. Некои ја викаат змејово гнездо, некои орлово, а мене ми е одмор за душата, вели сопственикот Мика.
Две години качувал вреќи цемент и песок на грб за да ја изгради. Самоукиот мајстор, мајстор на невозможното, како што го викаат, одлучил да ја изгради куќа на 13-метарската карпа, која ќе им пркоси на сите физички закони. Градбата е умикатна по тоа што на карпата се потпира со должина од само 25 сантиметри, а останатите 2 метри висат во воздух.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.