Под мотото „Скопје се сеќава“ оваа година се одбележуваат 50 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје кој се слуќи на 26 јули 1963 година.
Настанот ќе се одбележува во координација на Универзална сала, а во организацијата ќе учествуваат повеќе од 40 институции.

Со повеќе пригодни настани, видео презентации и отсликување на минатото, во наредниот период ќе се оддаде почит на 1.070-те жртви кои го загубија животот во катастрофалниот земјотрес.
Земјотресот остави 3.300 инвалиди, а над 100.000 изгубиле покрив над глава. Улиците, кејовите, парковите, потсети Коцевски, биле нивни домови, а шаторите – училници и канцеларии.
Првиот човек на Скопје, пак, потсети дека градот бил нападнат, но и не победен. На бројните манифестации, вели Трајановски, ќе се упати и благодарност до сите оние кои несебично помогнаа во изградбата на новиот лик на градот.
Настанот ќе се одбележува во координација на Универзална сала, а во организацијата ќе учествуваат повеќе од 40 институции. Активностите ќе започнат следниот месец, а главната манифестација ќе се одржи на 26 јули.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


