| четврток, 6 декември 2018 |

Каков си кога си тиква (ФОТО)

Има изрека за виното која вели “првата чаша е за храната, втората е за љубовта, а третата е за хаос”.

Бразилскиот фотограф Маркос Алберти вели дека проектот “3 чаши” започнал како шега во подоцнежните часови, кога тој ги фотографирал своите пријатели по испиени една, две и три чаши вино.

“Првата фотографија е направена веднаш откако нашите гости пристигнуваат во студиото”, објаснува Алберти, “за да се долови стресот после долгиот напорен работен ден”.

Но, како што откриваат фотографиите, насмевката или малите знаци на опуштеност се појавуаат наскоро како што напредуваат фотографиите. До последната фотографија, многу од пријателите на Алберти не можат да ги задржат своите насмевки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top