| четврток, 6 декември 2018 |

Сто четириесет и три години железници во Македонија

Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска го одбележува 9 Април –  Денот на железниците во Македонија.

На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница што своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.

133120330

Од тој ден во 143-те години до денес, како што истакнуваат од МЖ Транспорт, железницата помина низ многу премрежија, војни, конфликти, природни катастрофи, но и убави моменти. И покрај многуте турбуленции железничкиот систем опстанал и до ден денес кога се слави Денот на железничките работници на Македонија и тоа по 143-ти пат.

Од компанијата нагласуваат дека во изминатите години има инвестициски циклус во железницата, почнаа и завршија реконструкции на повеќе постојни пруги, изградба на Коридорот 8, реконструкција на железнички станици

– Набавени се 150 товарни вагони, две електромоторни гарнитури и четири дизел-моторни гарнитури. Во железничкиот систем во Република Македонија се инвестираат околу 1 милијарда евра, инвестиции кои ќе придонесат за еден поефикасен, поефективен, побрз и поквалитетен железнички превоз на патници и стока, кој ќе овозможи подобар развој на стопанството и раст на економијата во државата. Имплементирани се највисоки стандарди за интероперабилност во новите возови, со мерки за зголемување на мобилноста на студенти, стари лица…, посочуваат од МЖ Транспорт АД-Скопје.

МЖ Транспорт АД-Скопје на сите железнички работници и на сите граѓани им го честита Денот на железници во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top