Македонски железници Транспорт АД Скопје денеска го одбележува 9 Април – Денот на железниците во Македонија.
На 9 април 1873 година, првиот воз влечен од парна локомотива пристигнал во железничката станица во Велес и тогаш почнало поврзувањето на Македонија со остатокот од светот, поврзувањето со железница што своевремено претставувало највисоко техничко и технолошко достигнување.
Од тој ден во 143-те години до денес, како што истакнуваат од МЖ Транспорт, железницата помина низ многу премрежија, војни, конфликти, природни катастрофи, но и убави моменти. И покрај многуте турбуленции железничкиот систем опстанал и до ден денес кога се слави Денот на железничките работници на Македонија и тоа по 143-ти пат.
Од компанијата нагласуваат дека во изминатите години има инвестициски циклус во железницата, почнаа и завршија реконструкции на повеќе постојни пруги, изградба на Коридорот 8, реконструкција на железнички станици
– Набавени се 150 товарни вагони, две електромоторни гарнитури и четири дизел-моторни гарнитури. Во железничкиот систем во Република Македонија се инвестираат околу 1 милијарда евра, инвестиции кои ќе придонесат за еден поефикасен, поефективен, побрз и поквалитетен железнички превоз на патници и стока, кој ќе овозможи подобар развој на стопанството и раст на економијата во државата. Имплементирани се највисоки стандарди за интероперабилност во новите возови, со мерки за зголемување на мобилноста на студенти, стари лица…, посочуваат од МЖ Транспорт АД-Скопје.
МЖ Транспорт АД-Скопје на сите железнички работници и на сите граѓани им го честита Денот на железници во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пријател на Јелена открива: И било страв од годишнината на бракот која доаѓала
-
Дарко Илиевски: Во животот се клекнува само еднаш, пред жената која ја сакаш
-
Изминаа 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
-
Македонската пејачка прослави 5 години брак: Сум се вљубувала многу пати, но секогаш во тебе