| четврток, 6 декември 2018 |

Четири жени и едно дете се удавија во Егејското море

Едно дете и четири жени се пронајдени утрово мртви североисточно од грчкиот остров Самос, во непосредна близина на брегот на Турција.

Портпаролот на грчката крајбрежна служба изјавил дека судирот го преживеале пет мигранти – две жени, двајца мажи и едно дете. Преживеаните соопштиле дека во чамецот долг 3,5 метри биле вкупно 11 лица. Крајбрежната служба нема информации за националноста на мигрантите и за 11-то лице.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top