| четврток, 6 декември 2018 |

За десет години ќе има апче кое го продолжува животот

Тим од научниците на чело со Хорхе Иван Кастиј-Кан откри начин како да ги неутрализира деловите на протеинот ГСК-3 за кој неодамна беше откриено дека во голема мерка влијае на стареењето.

Со истражувањето е откриено дека постои начин да се наутрализира протеин кој влијае на живите организми задолжени за стареењето.

Истражувањето на Универзитетскиот колеџ во Лондон, според моментните предвидувања би можело, во скоро време да доведе до производство на апче со кое човечкиот живот може да се продолжи за 10 години.

Експериментите биле изввршени над овошни мушички. Откриено е дека со внесување на мали количини литиум во организмот може да се неутрализира дејството на ГСК-3. Исто така, секое ново откритите за процесите на стареење медицината ја приближува до оотркивање на лековите против дијабетесот, Алцхајмеровата болест, рак и Паркинсова болест.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top