| четврток, 6 декември 2018 |

Анџелина Џоли итно пренесена во болница!

Анџелина Џоли боледува од анорексија, а нејзиниот сопруг Бред Пит ѝ се заканил дека ќе се разведе со неа, ако не се лекува. Така тврди таблоидот „Нешенал енквајер“ на насловната страница на весникот.

Според весникот тежината на Анџелина е намалена до критичните 38 килограми, што е многу малку за висината од 165 см.

Актерката одбивала да се храни и да се грижи за себе. Во моментов за неа се грижат најдобрите специјалисти, но сè уште не е јасно дали ќе можат да ѝ помогнат.

Пит не ја напуштил болницата.Сè уште нема официјално соопштение за состојбата на актерката.

Бред Пит и Анџелина Џоли се запознаа за време на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит”. Двајцата имаат шест деца – три свои и три посвоени. Тоа се Медокс (14), Пакс (12), Захара (11), Шајло (9) и 7-годишните близнаци Вивиен и Нокс.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top