| четврток, 6 декември 2018 |

„Шпигел“ предупредува: Врие од „шеријатски села“ – Босна е продолжена рака на ИД во Европа

Радикалните исламисти најдоа прибежиште во Босна. Регрутираат борци, промовираат џихад и проповедаат екстремна верзија на исламот и сето тоа на самата граница со ЕУ од едната страна и Србија од другата, пишува германски „Шпигел“.

bosna dzihadisti (3)

– Ибро Ќуриловиќ (20), младич од Босна, кој во 2014 г. ѝ се придружил на И, пред заминувањето во Сирија ги искинал сите свои фотографии. Според шеријатската интерпретација на исламот во која верува тој, фотографии од луѓе се „харам“, односно „забранети“, пишува германскиот весник.

Mala KladuÅ¡a, Bosnia and Herzegovina - February 5, 2016: Å efik ÄukuroviÄ searches through a photo album of his family. He testified in court against Bilal BosniÄ, a Salafi leader who recruited Å efik's son, Ibro ÄukuroviÄ to fight in Syria as a jihadist. Before Ibro left to Syria, he tore apart all the photographs on which he appeared. ( Photo by Matic Zorman for Der Speigel )

Пред заминувањето Ибро живеел со татка си Шефик во Доња Слапница, село во близина на Хрватска.

– „Кога ќе умреш, нема да се молам за тебе, затоа што си неверник“ се последните зборови што ги слушнав од син ми, вели Шефик.

Неговиот син е еден од речиси тристате радикални исламисти кои ѝ се приклучија на ИД од Босна. Меѓу нив се и двајца кои се на листата најбарани светски терористи: Бајро Икановиќ, кој со годни командува со најголемиот центар за обука на ИД во северна Сирија, и Нусрет Имамовиќ, еден од водачите на Фронотот Ал-нусра, група поврзана со Ал-каеда.

bosna dzihadisti (2)

– Босна е сигурна куќа за радикалните исламисти. Во таа земја терористичката инфраструктура е добро развиена. Босна дури може д се смета за продолжена рака на ИД во Европа, но сè уште не достигнала алармантно ниво на закана за безбедноста на земјата и регионот – вели Џон Шиндлер поранешен припадник на американската НСА и стручњак за балкански односи.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на БиХ, откриено е дека оружјето со кое беше извршен нападот во Париз (нападот на Шарли ебдо во јануари и синхронизираните напади на 13 ноември) е од југословенско производство кое е прошверцувано токму од Босна.

bosna dzihadisti (6)

Во сè повеќе села на куќите висат црни знамиња. Прво беше селото Горња Маоча, за кое се мислеше дека е изолиран случај, а сега никнуваат многу други места во кои исламистите пуштиле корење. Регрутори на џихадисти има насекаде, врбуваат борци низ целата зема, тврди Шпигел. П Белгија Босна е најголемиот европски расадник на џихадисти иако босанските безбедносни агенции негираат дека постојат т.н. „шеријатски села“.

Повратниците под лупа

А за да биде уште поголем проблемот, дури 30 борци се вратиле од Сирија во Босна и тие се под посебен надзор од страна на властите. Ним им беше ненадејно дозволено да се вратат во земјата, а стручњаците за тероризам мислат дека се вратиле за да извршат некои од смртоносните задачи определени за Европа. Шпигел наведува дека Босна ги заострила законите и дека по новите закони на повратниците им се заканува затвор од 10 годни. Но, засега никој од нив не е уапсен, а зошто тоа знае само обвинителството на БиХ.

Velika Kladuša, Bosnia and Herzegovina - February 5, 2016: People leaving the main mosque in Velika Kladuša after the main Friday prayer. ( Photo by Matic Zorman for Der Speigel )

Во ноември, пред нападот на Париз, во предградие на Сараево џихадист убил двајца војници. Во декември 37 истакнати босански муслимани покажале ретко единство барајќи јавен отпор на теророт.

„Го осудивме секој повик на омраза и насилство“, е нивната порака која ја пренел великиот муфтија Хусеин Кавазовиќ.

bosna dzihadisti (5)

Набрзо по тоа, муфтијата добил смртни закани. Во видеоснимка џихадисти му се закануваат дека ќе му го пресечат вратот. Оттогаш муфтијата живее под полициска заштита.

Германските стручњаци за антитероризам веруваат дека во Босна постојат повеќе од 10 места во кои салафистите – поклоници на најтврдокорната сунитска интерпретација на сламот – ги непречено собираат радикали, власта никако не им се меша и не интервенира.

Секако, босанските безбедносни агенции демантираат дека постојат т.н. „шеријатски села“.

 

Џихадистички дувла

 

Едно од најсомнителните места е селото Босанска Бајна, на крајниот северозапад на Босна. Шефик, таткото на младиот Ибро, вели дека освен во тоа село џихадистите врбуваат и во Велика Кладуша.

Шпигл  пишува дека џихадистите купиле осум хектари земја во Босанска Бајна, од каде што патот ги води во Хрватска, а со самото тоа во ЕУ. Фундаменталистите од Босна главно купуваат земја таму каде што е најевтина и во запуштени краеви за да не привлекуваат внимание.

Velika Kladuša, Bosnia and Herzegovina - February 5, 2016: Islamic flag hangs from the minaret of the main city mosque in Velika Kladuša. ( Photo by Matic Zorman for Der Speigel )

Најголема причина да му се придружат на тероризмот, освен идеолошката заслепеност, е немаштијата. Во областа околу Велика Кладуша невработеноста изнесува околу 50 отсто. Младите живеат тешко и без иднина.

Велика Кладуша се заканува да стане најголемо жариште на исламистите во Европа, пред се поради помошта која ја добиваат од екстремистите повратници.

bosna dzihadisti (4)

Салафистичката заедница во Велика Кладуша влече корени од почетокот на граѓанската војна во деведесеттите кога најсуровите исламисти ги финансираа Саудиска Арабија и Судан.

„Западот би требало да заборави на опасноста од истокот. Најголема закана е зелената боја на исламот – рече тога еден од радикалните водачи кој ги предводеше суровите убиства на Срби и Хрвати во тие области“, пишува Шпигел.

За тоа зборуваше и поранешниот американски дипломат Ричард Холбрук кога спомна „пакт со ѓаволот“. Зашто, радикалните исламисти од Саудиска Арабија не донесоа само пари и оружје во Босна, туку и строга интерпретација на исламот која на повеќето Босанци дотогаш не им беше позната.

Вмреженост

Улстрапосветените со своите долги бради и целоснопокриени жени – вехабистите се малцинство во Босна, која има 3.8 милиони жители. Но, постојат, а со текот на времето стануваат сè потранспарентни.

Bužim, Bosnia and Herzegovina - February 5, 2016: The house of arrested Salafi leader Bilal BosniÄ, who recruited numerous men from the Balkans to fight the war in Syria as jihadists.

Една од четирите жени на озлогласениот Хусеин Билал Босниќ по потекло е од Доња Слапница, селото од кое е регрутиран синот на Шефик.

Обвинителите веруваат дека Босниќ е клучната фигура меѓу радикалните исламисти во Босна и дека е одлично поврза со центрите во Сирија и Ирак. Во ноември е осуден на седум години затвор поради регрутирање борци за ИД и поттикнување на тероризам.

„Ибро мој појде во Сирија од куќата на Босниќ летото 2014 година“, вели Шефик Ќуриловиќ.

bosna dzihadisti (7)

Во таа куќа живеат четирите жени на и 18-те деца на Босниќ. Од разгласот на покривот секојдневно ечат.

Босниќ бил член на 7 Муџахединска бригада во војната во деведесеттите, с потоа станал проповедник на екстремен ислам. Познати се неговите говори во џамијата „Ал-барак“ во Германија, а и во џамиите во Швајцарија и Италија, во кои им порачува на следбениците дека „ќе замине во рај со експлозив на градите“, за што постојат и видеозаписи. Освен муслимани од Босна, на ИД ѝ се приклучуваат и екстремисти од Косово и Македонија, но и од Србија, пишува Шпигел.

bosna dzihadisti (1)

Германскиот весник пишува дека клучна улога во регрутацијата имаат токму проповедниците како Босниќ, кои се во состојба за неколку дена целосно да им ги исперат мозоците на младите и да ги преобратат во убијци.

Купиле земја од Срби

Шпигел тврди дека џихадистите купиле осум хектари земја во Босанска Бајна од Србите кои живееле таму а парите за имотот, 200.000 долари, ги добиле од Катар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top