| четврток, 6 декември 2018 |

Канје е вљубен во Кардашијан, ама не во Ким!

ким

Доколку живеете во уверување дека бракот меѓу Канје Вест и Ким Кардашијан е совршен, подгответе се за разочарување.

Во новата книга на авторот Иан Халперин, наречена „Династија Кардашијан“, се откриваат валканите алишта на најпознатото риалити семејство.

Имено, во книгата се изнесува дека Ким секогаш сакала да биде со маж што е попознат и побогат од неа, а тоа го пронашла во Канје. Нивниот почетен договор бил да имаат деца, но да живеат одвоено.

Сепак на Канје многу му се допаѓа една членка на кланот Кардашијан, Џенер, и токму поради тоа се оженил за Ким.

– Вљубен е во Крис Џенер. Всушност мислам дека никогаш не би бил со Ким, да ја немаше Крис – стои во книгата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top