Тешка сообраќајна несреќа се случи кај кружниот тек кај Католичката црква во центарот на Скопје.
До несреќата дошло кога товарно возило „ивеко“ удрило во транспортер на МВР. Од силниот удар возилото на МВР се превртело.
Од она што можеше да се види, возачот на комбето иако немал предост, тргнал и го закачил полицискиот “пинцгауер“ кој минувал во тој момент.
Во моментот сообраќајот е отежнат, бидејќи се уште се врши увид.
Од скопската полиција најавија повеќе информации во текот на денот.
Фото: Вечер
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.