| четврток, 6 декември 2018 |

„Набуко“ во вторник на сцената на МОБ

Во вторник, (12.04.) Македонската опера и балет ќе ја изведе популарната „Набуко“ на Џузeпе Верди. Претставата е со домашна солистичка екипа и еден гостин. Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаила“, Никола Стојчевски ќе настапи како „Исмаел“, „Фенена“ ќе ја толкува, Николина Јаневска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ. Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.

„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top