| четврток, 6 декември 2018 |

Вулгарно и искрено: Порано курвите стоеја пред хотел „Централ“, а денес се на телевизија

 

Miso_Kovac

Музичката легенда Мишо Ковач решил да ја искоментира балканската естрада без влакна на јазикот, притоа носталгично споредувајќи ја со времето кога тој бил млад. Ковач, открил оти смета дека сега е зголемен квантитетот, но намален квалитетот.

Во Хрватска не е важно што е добро, сите пеат. Порано курвите стоеја пред хотел “Централ”, а сега се сите на телевизија, рекол Ковач.

По долгата пауза во кариерата, тој периодов е зафатен со подготовките за новиот албум. Првата песна од новиот материјал ја промовираше пред неколку дена, а со наслов “Такав сам роѓен” и е испеана во препознатлив стил, налик старите хитови.

Сите кои некогаш работеа со мене се мртви, па морав да одберам помлад соработник, кој ќе работи со мене на новиот албум, тоа е Бранимир Михајлевиќ. Правам нови песни за моите луѓе, пеам за животот во Далмација, рекол пејачот.

Во однос на тоа каде сака да поминува поголем дел од времето, Ковач вели дека кога би требало да бира помеѓу Америка и Хрватска, секогаш ја одбира Хрватска, бидејќи родната грутка му го грее срцето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top