| четврток, 6 декември 2018 |

Заев повторно со истото губитничко сценарио- Коалиција со СОРОС

zoran-zaev-sdsm-640x357 Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес како новина во својата стратегијата го најави тоа што граѓаните го гледаат од СДСМ веќе 20 години, а тоа е коалиција со СОРОС. За да го исполни своето најново сценарио Заев ги повика сите невладини организации кои со огромни суми се платени од СОРОС да му се придружат.

Не само присутните на денешната прес-конференција, туку и сите аналитичари останаа зачудени што е новото решение кое денеска го промовираше Зоран Заев. Коалицијата со Владимир Милчин и СОРОС функционираше уште од времето на Бранко Црвенковски кој Милчин го имаше вклучено и во раководните тела на партијата.

ja-napusti-640x569Истите невладини организации постојано беа браникот зад кој се затскриваше СДСМ години наназад. Зад истите невладини организации се затскриваше Зоран Заев при организирање на насилните протести пред Владата кога беа повредени 40 полициски службеници.

Затоа остана да лебди прашањето дали повторното формализирање на соработката со истите овие невладини организации требаше да биде нова за граѓаните или Заев ги потценуваше своите сопартијци, па сакаше да им докаже дека се досетил на некоја нова стратегија?!

Истата оваа коалиција беше прекината лани во август, но продолжи годинава кога Заев почувствува потреба стравот од избори да го затскрие зад овие исти невладини организации. Тогаш истите тие 70 соросови невладини организации успеаја да соберат 30-тина луѓе пред канцелариите на ЕУ во Скопје и бараа да се одложат изборите. Цивил и Мост го правеа истото и во текот на вчерашниот ден.

Општ е впечатокот дека ваквата стратегија е веќе прочитана и докажано губитничка. Не му помогна ниту на Бранко Црвенковски, ниту на Заев во минатото.

Анкетите покажуваат дека граѓаните сакаат политика која наместо со деструкција ќе се занимава со проекти од кои што ќе имаат реална полза. Затоа Заев знае дека на изборите ќе го доживее 10-тиот пораз од граѓаните кои не му ја даваат својата доверба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top