| четврток, 6 декември 2018 |

Концерт на млади композитори и на ансамблот „Сонорис“ в петок на ДММ

Во Музеј на град Скопје,  в петок во 19 часот ќе се одржи концерт на млади композитори.

Вечерта посветена на младите композитори има повеќедецениска традиција во рамките на Деновите на македонска музика“. Оваа година на концертот ќе се претстават студенти по композиција од Факултетот за музичка уметност во Скопје (М.Јаневска, А.Спироски, М.Јовановска, Н.Крстевски, Ф.Иванов и Т. Богатинова), како и од Факултетот за музичка уметност на Тетовскиот универзитет (А.Абази и А. Сопа). Нивните композиции ќе ги изведат нивните колеги од инструменталните оддели од факултетите на кои студираат, а ќе настапат и веќе професионални и афирмирани музичари како Љупчо Чедомирски – кларинет, Катерина Бачевска – флејта и Игор Иванов – кларинет. 

Проектот е поддржан од  УКИМ – Факултет за музичка уметност, влезот е слободен.

Еден час подоцна (20 часот), исто така во Музеј на град Скопје, ќе се одржи концерт на Дувачкиот квинтет на ансамблот СОНОРИС. 

Целокупната програма на концертот се состои од премиерни изведби на дела за дувачки квинтет создадени 2015 година од композиторите Валентина Велковска-Трајановска, Вулнет Таири, Дамјан Темков и Илија Илиевски.

 Дувачкиот квинтет на ансамблот СОНОРИС го сочинуваат: Ванчо Аревски – флејта, Татијана Петрушевска – обоа, Игор Бакревски – кларинет, Антонио Костески – хорна и Марјан Милошевски – фагот.

Влезот е слободен. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top