| четврток, 6 декември 2018 |

Стевчо Јакимовски: Кој гарантира дека СДСМ нема да оди на избори, бранковистите сега ќе му вратат на Заев

Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, во својата најнова колумна прашува кој гарантира дека СДСМ нема да оди на избори.

Stevco-Jakimovski-GROM

– Полека и не брзајте со заклучоците. Можеби повторно ќе се јави некој Стевчо, и ќе оди на избори! Во исто време Заев треба да им објасни на партиските колеги како вршеше притисок и го кршеше партискиот став 2013 година да не се оди на локални избори наспроти ставот на СДСМ за бојкот на локалните избори. Кога се работеше за негови локални избори, тогаш партиската одлука за бојкот не му беше по волја и кога јас одлучив да одам на избори, ми праќаше пораки во кои, меѓу другото, ми велеше дека се гордее што има храбар партиски другар како мене. Тогаш Јани Макрадули, Андреј Петров, Бранко Црвенковски, Шекеринска, беа против нас и против одењето на локални избори, ама тој, јас и Зоран Дамјановски – Циц бевме за. Јас таа битка ја водев почесно од нив – пишува Јакимовски.

Градоначаликот на Карпош додава дека тие се обиделе да прават алтернативни листи и да протуркаат алтернативни градоначалници, за разлика од него.

– Трпев до последните четири часа и ги почитував партиските ставови. Најголем притисок врз Циц во Куманово да оди на избори, односно, да дадат алтернативен градоначалник и листа за советници беше Оливер Спасовски, денешниот технички министер за внатрешни работи. За тоа имам и сведоци. Сакате јавни или заштитени? Како милувате. Ако евентуално им требаат за нивниот партиски суд. Таа структура на СДСМ – бранковистите тоа не му го забораваат на Заев. Сега ќе му вратат – вели Јакимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top