| четврток, 6 декември 2018 |

Топло уште денеска, од утре ни доаѓа дождот

дожд

Од утре до недела ќе има дестабилизација на времето со услови за повремени локални врнежи. Утре ќе дува повремено засилен јужен ветер, а повеќе врнежи се очекуваат попладне во западните делови од земјата.

Топлото време ќе се задржи уште денеска, со дневна температура над просечните за овој период од годината. Поради изразено јужно струење денеска попладне и во ноќните часови се очекува да има поинтензивен пренос на прав од Сахара.

В сабота попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во југоисточните делови, додека в недела  се очекува посвежо време со дневна температура пониска за околу 10 степени во однос на денешните. Врнежите ќе бидат позастапени во јужните делови.

Управата за хидрометеролошки работи за в понеделник најавува стабилизирање на времето, а од вторник и зголемување на температурата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top