| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац му порача на мажот:Не може така љубов моја!

na

Наташа Беквалац е приврзана мајка и сопруга. Меѓутоа она што до сега не беше познато е дека оваа пејачка е и добра домаќинка.

Имено Наташа на својот Инстаграм профил објави фотографија со подготвена вечера за својот сопруг.

бек

Меѓутоа, она што ги насмеја сите е шеговитата порака упатена на нејзиниот сопруг Љуба Јовановиќ.

-Денеска ми е пекол на работа, не знам дали ќе дојдам дома до 18 часот, ми вели мојот маж на мене. Хм…е, па не може така љубов моја…Ги бројам минутите. Боже не можам да дојдам на себе колку сум фантастична жена, мајка, кралица- напишала под фотографијата Наташа.

bek2

После се, изгледа Љуба сепак ја послушал.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top