Гнасни фотографии од девојчето се направени во хотелска соба во 2007 година, ги фотографирал неговиот татко, кој самиот го пријавил случајот поради наводна политичка уцена.
Случајот на локален српски функционер кој сопствената малолетна ќерка ја фотографирал гола во експлицитни пози, информација што ја објави Блиц, а ја пренесовме во целост (повеќе можете да прочитате на овој ЛИНК), одеднаш доби бизарен пресврт.
Овој угледен граѓанин во регионот каде што живее признал за Блиц дека е автор на поганите фотографии, за кои тврди дека му се украдени од компјутерот и од семјениот албум, а потоа пуштени во јавност заради политичка одмазда.
– Лично сум ги сликал тие фотографии на стручен семинар на кој бев заедно со помалата ќерка. Не гледам ништо спорно во тоа, зашто тоа е мое дете, но необично е што се обидоа да ме уценуваат со тие фотографии, па пријавив во полиција – изјавил вчера овој необичен татко.
Детето сака да се слика, а сево ова е монтиран политички случај, класична местенка, вели локалниот политичар, кој ја фотографирал голата ќерка во еротски пози.
На прашањето дали сфаќа дека дете, дури и сопствено, не се фотографира во експлицитни пози пред таткото кој лежи на кревет, функционерот тврди дека нема ништо изопачено во тоа и дека „детето сака да се слика“ и дека сево ова е местенка.
– Изјави во полиција даде целото семејство, вклучувајќи ги и двете ќерки. Мислите дека би го пријавил случајот во полиција да бев педофил, прашува функционерот.
И полицијата и обвинителството ја потврдиле истата изјава за Блиц, дека работат на кражба на фотографии, но не на околностите во кои настанале.
– Засега се води случај против НН лице и денеска трети пат во последниов месец барам од полицијата во таа паланка да ми достави извештај. Секако дека ќе ги испитаме и околностите иако сум известен дека полицијата веќе го завршила тоа, вели обвинител од надлежното обвинителство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Босна ја тресе скандал: Функционер претепа жена на паркинг (видео)