– Тој Избирачки список во меѓувреме, 2013-2016 година, е надграден, дополнет и ажуриран со лица што за првпат здобиваат право на глас, односно стануваат полнолетни, граѓани што се починати се бришат од избирачкиот список. Очигледно, не беше лесна работа, ние самите се уверивме во нашата активност и работа што ја извршивме овие 3,5 месеци, но и јавноста. Морам да кажам дека ДИК пристапи многу стручно и одговорно во вршење на оваа активност за кај граѓаните да се врати довербата во избирачкиот список за кој е надлежна ДИК – рече Ибраими.
Тој нагласи дека ги направиле потребните вкрстени проверки со 10 бази на податоци, односно со девет, затоа што од управата за водење книги немале податоци, односно имале само од 2015 година наваму.
– Од сето ова што го презентиравте излегоа резултатите и ова се тие. Само треба да знаеме дека функционирањето на системот и на државните органи се базира на неколку начина, а, пред сè, е довербата на граѓаните кон органите на кои им е доверена одредена јавна функција во интерес на граѓаните, а потoа отчетot на органите на кои им се доверени тие работи и одговорноста на органите за вршењето на јавните функции. Уште во почетокот имав свој став во однос на сите овие активности и кој ќе биде крајниот резултат. Добро е што се направи вкрстена проверка. Често го употребував терминот. Сите полнолетни граѓани што се во избирачкиот список влегоа во едно снимање во однос на прашањата, кои ние ги утврдивме со методологијата и упатството за водење на цела оваа активност. Ова снимање беше беспоштедно. Не поштеди ниту еден граѓанин без разлика кој статус го има во државата. И јавни личности, уметници, спортисти, селектори… Имам една друга забелешка во однос на тоа дека добро тргнавме и ги почитувавме сите одредби од избирачкиот список. Објавата со сите податоци што се утврдени во изборниот законик и ги објавивме и спорните записи, кои требаше да бидат предмет на теренска проверка – рече Ибраими.
Ибраими нагласи дека со сите овие активности, се потврдува избирачкиот список од 2013 година.
-Избирачкиот список беше усогласен во согласност со одредбите од Изборниот законик, во согласност со одредбите каде што упорно работеше работната група формирана од ДИК, каде што учествуваа претставници од органите што се вклучени во водењето на избирачкиот список, како и претставници од четирите политички партии, со надгледување на амбасадата на САД, ЕУ и ОБСЕ, како и невладината организација МОСТ. Ние не измисливме топла вода, го применивме законот. Во избирачки список да се запишат сите полнолетни државјани во Република Македонија што имаат живеалиште, деловна способност и поседуваат една од важечките лични документи. Тој избирачки список во меѓувреме е надграден, дополнет и ажуриран со лица кои за првпат стекнуваат право на глас, граѓани кои се починати и се бришат од избирачкиот список, како и граѓани кои ја губат деловната способност или, пак, им се враќа назад и тие се враќаат во избирачкиот список – рече Ибраими.
– Да не биде ова како лично да се фалиме, но навистина ни беше тешко, но мислам дека беше завршена оваа навистина одговорна работа, која ни беше дадена и со законот, но и очекувањата на граѓаните на оваа држава – заклучи Ибраими.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.