Денес ќе посветиме внимание на бананите. Тие се вкусни, многу хранливи и достапни. Еве ги и останатите причини зошто да ги консумирате секој ден.
- Докажано е дека бананите штитат од инфаркт и од мозочен удар
Причината е во големото количество калиум што го содржат бананите. Познато е и дека овој волшебен плод го намалува крвниот притисок.
- Помагаат против депресијата
Триптофанот и магнезиумот во бананите имаат смирувачко дејство врз мозокот и го бришат чувството на анксиозност.
- Го смируваат желудникот
Бананите штитат од стомачни киселини и од дијареа.
- Намалување на ризикот од развивање на дијабетес тип 2
Бананите се богати со витамин А, кој може да спречи различни хронични заболувања, па дури и некои видови рак.
- Тие се корисно гориво за нашиот организам
Калиумот ги штити мускулите од преоптоварување и препорачливо е да го консумирате два часа пред тренингот, а освен тоа помага и во производството на црвените крвни зрнца.
- Бананите се соодветна храна и за по физичко оптоварување
Тие ни даваат енергија и се многу покорисни од спортските пијалоци, кои се толку популарни во последно време.
- Бананите помагаат во варењето
Бидејќи содржат влакна, тие се познати како сигурен помошник за доброто варење, освен тоа се корисни и за кардиоваскуларниот систем.
- Помагаат против утринско гадење и смируваат предменструални симптоми
Бананите содржат витамин Б6 кој ги помага когнитивните функции и штити од одредени видови рак.
- Го подобруваат метаболизмот
Бананата е диетален плод, кој содржи и манган, кој е важен додаток во исхраната, со што се намалува ризикот од мозочен удар, инфаркт, остеопороза и други опасни болести.
- Тие се добар помошник во борбата со настинките
Кога ќе настинеме, секогаш прво помислуваме на цитрони, но вистината е дека бананите се, исто така, добар извор на витамин Ц.
- Можат да спречат напади на астма
Научни истражувања докажуваат дека децата кои јадат банана секој ден, многу поретко развиваат асматични симптоми отколку другите.
- Бананите се корисни за мозокот
Јагленохидратите, калиумот, витамин Б6 и магнезиумот кои се содржат во плодот, одлично ѝ помагаат на мозочната активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.