| четврток, 6 декември 2018 |

Теренот во Чаир суспендиран, дисциплинската комисија е на потег

haos-vo-chair-vardar-go-pobedi-shkupi-i-pokraj-incidentite-i-dronot (6)

Натпреварувачката комисија при ФФМ на својот денешен состанок изрече суспензија за стадионот „Чаир“ по индидентите што се случуваа на првенствениот натпревар од 24.коло во Првата лига меѓу Шкупи и Вардар. Случајот е предаден на Дисциплинската комисија на ФФМ, која ќе треба да ја одреди и казната за организаторот на овој меч. Теренот на стадионот „Чаир“ е под суспензија само за Шкупи, со оглед дека во текот на сезонава го користеше и Шкендија.

„Дисциплинците“ ќе треба да земат дополнителни изјави од актерите и да одредат колку натпревари ќе биде суспендиран стадионот Чаир, комплетно или играње без публика.

haos-vo-chair-vardar-go-pobedi-shkupi-i-pokraj-incidentite-i-dronot (3)

Како што е познато, на дербито меѓу Шкупи и Вардар се случија неколку ицинденти. Фудбалерот на гостинскиот тим Горан Попов беше погоден со тврд предмет (стаклено шише) од трибините директно на теренот, а по завршувањето на натпреварот физички беа нападнати дел од фудбалерите на „црвено-црните“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top