За време на безбедносната контола на патниците италијанската погранична полиција на терминал на римскиот аеродром „Фијумичино“ кај германски државјанин пронашла и запленила човечки череп, објави весникот „Месаџеро“.
Како што се наведува во весникот, черепот, на кој му недостасува долна вилица, е пронајден во рачниот багаж на човек кој требало да отпатува за Дизелдорф и кој тврди дека тој му е потребен за „научни истражувања“.
Средовечниот Германец, кој е универзитетски професор, за време на испрашувањето рекол дека черепот го купил еден ден претходно, кога минувал низ римската улица „Виа Џулија“.
Тој тврди дека таму случајно го забележал черепот на улична тезга и бидејќи бил добро исчистен и зачуван, се договорил со продавачот и го купил за 50 евра.
Полицијата го предала черепот во својата лабораторија на дополнително форензичарско испитување со цел да утврди од каде потекнува, а против Германецот е поднесена пријава за илегално поседување на посмртни човечки останки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Што се случува вечерва во Рим (видео)
-
Влатко Стефановски и Теодосиј Спасов на Деновите на Св.Кирил во Рим
-
Детали за трагедијата: Бебето било донесено во болница со скршен череп
-
Заради новогодишната елка ќе завршат на суд: Римскиот „шугавец“ го платиле 50 000 евра, граѓаните велат дека личи на четка за вц – шојла