| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто на девојките им се допаѓаат лошите момчиња?

zosto-devojkite-sakaat-losi-momci-3

Mажите со лоша репутација, склони кон авантури и лаги, егоисти, нарцисоидни додворувачи  и манипулатори, како да знаат некоја тајна, со која ги привлекуваат жените.

Што нè тера да ги сакаме оние од кои би требало да бегаме подалеку?

  1. Не привлекува „забранетиот плод

Симпатиите кон лошите момци по правило се појавуваат во периодот на созревањето. На хулигански шарм обично подлегнуваат трудољубиви,послушни и одлични девојки. За нив бунтовниците со слаби оценки се олицетворение на се што е забрането, непознато, привлечно и се наоѓа надвор од рамките на „вистинскиот“ живот. Ако уште во пубертетот не ви се случила љубовта кон лошите момци, таа може да ве снајде и на 20 и на 30 години. Обично станува збор за краткотрајни бурни врски, бидејќи изградбата на сериозна врска со „лошо момче“ е нешто многу тешко.

  1. Лошите момчиња се сметаат за по сексапилни

Излегува дека привлечност кон не многу одговорните, чесни и верни мажи се должи на биологијата. Американскиот истражувач Картер откри дека колку е по егоистичен, циничен, лекомислен, инаетлив, самоуверен и неодговорен човек, толку повеќе мажествен и брутален се чини тој на жените. Ние потсвесно сме привлечени од нив како од алфа-самци, ги доживуваме како посилни, конкурентни и затоа подобри партнери за продолжување на родот.

00046288

  1. Лошите момци се поврзуваат со романтика

Обрнете внимание на тоа какви се негативните ликови во популарните филмови. Ако е пират, нема да биде некој грозен плашливко, туку екстравагантниот и мудар убавец Џек Спароу, ако биде ограбувач на  банки, ќе биде откачениот и неодоливо шармантен Патрик Свејзи. Без да сакаме подлегнуваме на фасцинација на филмските крадци, разбојници и нарко босови, кои во нашите умови го врежуват привлечниот лик на „лошо момче“, мускулест убавец со бели заби, кој ги обожава авантурите, слободата и парите. За да не подлегнуваат на провокациите на холивудските режисери, гледајте од време на време не само блокбастер, но и криминалистичка филмови. Тоа ќе ве потсети дека зад навидум романтичните ликови се кријат алчни кукавици. Дополнително гледајте почесто филмови за Спајдермен и Џејмс Бонд, за да не заборавите дека добрите момци исто така може да бидат силни, храбри и секси.

  1. Сонуваме да станеме „жената која го промени

Да бидеме искрени, кога почнуваме врска со лажго, женкар или манипулатор, ние се убедуваме дека некаде длабоко во душата тој е прекрасен принц, кој едноставно не ја сретнал вистинската љубов . Слатко си сонуваме, дека како во бајките, ќе го растопиме неговото ледено срце и ќе го претвориме од циничен „Дон Жуан“ во верен витез, а бескрупулозниот лажго во чесен и искрен пријател. Но остануваме разочарани, бидејќи малкумина од лошите момци, некој успеал да ги превоспита. Тие обично се сосема задоволни од себе, но немаат ништо против да заведат уште една наивна „Спасителка“. За него вашето скршено срце е само уште една бројка на неговата листа. Уште ли сакате да го промените?

  1. Желни сте за драма?

Со чесен и добар маж, се е многу предвидливо, бидејќи тој е секогаш искрен и верен. Ако размислите подобро, со лошите момци работите се не помалку предвидливи, но со присуство на бурна фантазија ќе можете да доживеете вистинска емоционален бум. Прво ќе го издигнете својот „лошко“ на пиедестал, ќе му припишете непостоечки квалитети во кои ќе се заљубите, а потоа ќе доживеете огромен спектар на емоции како резултат на логичен тек на настаните, лаги, изневери во врската со лошото момче.

Можеби заради ваше здравје, треба да си побарате побезбедни извори на адреналин?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top