| четврток, 6 декември 2018 |

Мојсовски во име на сите репрезентативци: Диви е еден и единствен

reprezentativci

Голем дел од македонските репрезентативци се појавија на прес-конференцијата на Петар Ангелов Диви, изразувајќи му поддшрка, но и благодарност за сето она што го направи за националниот тим во изминатите дваесетина години.

Додека сениорската репрезентација се подготвува за квалификациите за ОИ што треба да се одржат во Гдањск овој викенд, популарниот Диви ја одржуваше прес-конференцијата по повод неговото пензионирање од националниот дрес.

– Јас сум со Петар Ангелов долго време и одлично го знам. Тој секогаш ја имал нашата поддршка и ќе ја има, ние стоиме зад него и му даваме поддршка во што и да одлучи за иднината. Диви, ти си еден и единствен, знаеш дека сме тука за тебе – изјави Наумче Мојсовски во името на сите репрезентативци присутни на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top