| четврток, 6 декември 2018 |

Етносоставот „Баклава“ најавува нов албум

Музичката група „Баклава“, со новиот сингл „Рубин“, го најавува албумот што е во подготовка. Музиката и текстот се на Елена Христова и на Дејан Сибиновски. Снимено во студиото „Чикен меднес“, од Бојан Угриновски, а микс и мастеринг од Дарко Спасовски и на Горан Керкез.

Наскоро се очекува и спотот, кој ќе биде музика на долгометражниот игран филм „Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски и продукција на „Револушн“.

Додека да пристигне спотот, новиот хит наскоро ќе можете да го слушнете на радио или на следниов линк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top