| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ најави пoсета на Сараево и Република Српска

Лидерот на српските радикали, Воислав Шешељ кого Хашкиот трибунал неодамна го ослободи од обвинението за воени злосторства, вели дека во мај ќе го посети Сараево.

Изјави дека по изборите во Србија, ќе ја посети Република Српска.

„Имам намера во скоро време да ја обиколам цела Република Српска. Имам намера да се вклучам во кампања за локалните избори во Република Српска. Во најскоро време планирам да дојдам во Сараево и да прошетам во центарот на градот, по улицата Васа Мишкина, од старата црква па до Маријин двор, да поминам кај Првата гимназија каде учев школо. Да го посетам Правниот факултет каде студирав, да го посетам Факултетот за политички науки каде што работев“-рече Шешељ.

Тој кажа дека е пензионер од 2012 година, иако во Сараево била направена афера со неговиот работен стаж.

При посетата на Република Српска ќе се сретне со членови на партијата, но и со претседателот Милорад Додиќ, ако биде повикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top